Почнаа обуки за ангажирани лица за проект од општинско-корисна работа во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Почнаа обуките за петте ангажирани лица во општина Старо Нагоричане кои ќе пружаат помош за старите и немоќни лица, информираа денеска надлежните од Општина Старо Нагоричане.

Loading...

Претходно, беше објавен повик за ангажирање невработени лица во рамки на програмата општинско-корисна работа за проектот „Посетување“.

Освен, за немоќните помош ќе се нуди и на лицата со попреченост и на други ранливи категории граѓани. Две од петте ангажирани лица се родители на деца со попреченост, појаснија надлежните од општината.

– Проектот е замислен како сервис за старите и немоќните лица. Ангажираните ќе понудат психолошка и социјална поддршка, ќе им помогнат подобро да го структурираат времето, ќе им набавуваат храна, лекови и други потреби за секојдневно функционирање, велат од Општина Старо Нагоричане.

Избраните лица за потребите на овој проект ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 часа неделно и ќе го задржат статусот на невработени лица и приматели на социјална помош.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply