Почнаа новите преговори меѓу Украина и Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот преговарач објави фотографија од почетокот на онлајн средбата со Русите.

Loading...

Советникот на претседателот на Украина Михајло Подољак потврди дека денеска преку видео врска ќе се одржат разговори со Русија.

„Повторно. Преговорите се одвиваат нон-стоп во форма на видеоконфренции. Работните групи постојано работат. Голем број прашања бараат постојано внимание. Во понеделник на 14 март, ќе се одржи преговарачка седница на која ќе се сумираат прелиминарните резултати“, напишва претходно совеникот Подољак во објава на Твитер.

 

ж

 

„Русија почнува да разговара конструктивно“, рече Подољак подоцна во Телеграм, истакнувајќи дека Русија е многу почувствителна на позицијата на Украина.

Во видео порака, високиот советник рече дека предлозите на Украина се многу цврсти и дека тие првенствено се однесуваат на повлекување на војниците и прекин на непријателствата.

Loading...

Мислам дека за неколку дена ќе добиеме конкретни резултати“, додаде тој.