Почна вториот круг преговори меѓу Русија и Украина!

Сподели со своите пријатели

Започна вториот круг преговори меѓу делегациите на Русија и Украина.

Беше најавено дека преговорите ќе продолжат синоќа, а на крајот беше најавено дека двете делегации најверојатно ќе се сретнат во четврток.

Руската страна порача дека преговорите треба да почнат во 13 часот по наше време, но во тој момент украинските претставници објавија фотографија на Твитер, пишувајќи дека почнуваат преговори.

Да потсетиме, двете страни се сретнаа во понеделникот, во регионот Гомел во Белорусија, но без очигледни резултати.

По петчасовните разговори, делегациите најавија дека преговорите ќе продолжат и во наредните денови.