Почна вакцинацијата против сезонски грип во Куманово

Сподели со своите пријатели
Почна вакцинацијата против сезонскиот грип во Куманово, информираа денеска надлежните од Здравствениот дом во Куманово. Бесплатна вакцина можат да добијат неколку категории граѓани, но само ако имаат закажан термин преку матичните лекари.

– Имаме добиено 700 дози на вакцина против сезонски грип. Тие се во бесплатна квота. Наменети се за луѓе над 65 години, хронични болни, деца од шест месеци до шест години, бремени жени и здравствени работници. Немаме добиено која ќе биде бројката за здравствените работници. И тие претходно си закажуваат преку матичен лекар, има точно утврдени термини. Во оваа состојба сите доаѓаат со маска, се влегува еден по еден, затоа се направени и  термините така за да нема групирање, изјави доктор Сузана Атанасовска.

Loading...

Главната сестра од Здравствниот дом Марина Додевска вели дека нема групирање и оти уште минатата недела се било подготвено за вакцинација. Просториите се уредени за вакцинација, а се наоѓаат во кругот на општата болница, спроти невролошкото одделение.

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата во петок почнува во здравствените домови во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Кочани.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply