Почна со работа партиципативно тело за подобрување на урбанистичко планирање во Куманово

Сподели со своите пријатели

Партиципативното тело кое општина Куманово го формираше денеска ја одржа конститутивната, воедно и првата работна средба.

Loading...

Телото е формирано во согласност со Законот за урбанистичко планирање за обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање и учество на граѓанските организации, претставници од урбани и месни заедници, на граѓани е на доброволна основа.

Денеска се избраа органите на телото, претседател, заменик-претседател и секретар кои согласно деловникот се од редовите на комисијата за урбанизам и се разгледуваа две предлог плански програми.

-Учесниците со своите сугестии, забелешки можат да влијаат во новите плански решенија, да ги подобрат. По сила на закон во партиципативното тело членуваат претставници на Комисијата за урбанизам од општинската администрација, а на доброволна основа граѓански здруженија, поединци, кои ќе придонесат за што подобро урбанистичко планирање на Куманово-изјави, раководителката на секторот за урбанизам од општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска.

Телото има деловник за работа кој го донесе Советот на Општина Куманово на седница одржана во октомври, лани. Сугестиите на членовите ќе бидат вклучени во планските решенија, телото може мислењата и потребите директно да ги пренесе и на Советот. Телото ќе работи еднаш во два месеци, но ако има материјал ќе се среќава и почесто.

Leave a Reply