Почна реконструкцијата на ученичкиот дом во Куманово

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкцијата на ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово.

Loading...

Директорката на установата, Љубица Павловски, денеска информираше дека се реконструираат ученичките соби, подовите, внатрешната столарија, прозорци и вратите, дел од тоалетите, се менува и електричната и водоводната инсталација.

– Реконструкцијата ги опфаќа сите соби на учениците, вкупно 39 и дел од занималните. Се менуваат врати, прозорци од задната страна на објектот, ќе се постави нова фасада, ќе има пристап за лица со попреченост, ќе се приспособат тоалет и две простории за лицата со посебни потреби. Објектот е граден од 1962 до 1963-та година и оттогаш не е променета фасадата, изјави директорката Павловски.

 

 

Таа се надева дека со реконструкцијата, значително ќе се подобрат условите за престој на учениците.

Во моментов запишани се 73 ученици и во фаза на разгледување се 13 барања за прием на ученици од општините од североисточниот регион, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане, селата од Куманово, но и од Свети Николе и Пробиштип, кои одлучиле да се запишат во едно од петте средни училишта од Куманово.

Loading...

Реконструкцијата на објектот се реализира, согласно добиениот проект,, Социјална инклузија на деца од рурални средини и згрижување на жртви на семејно насилство, поплави и пожари“, кој е дел од грантовата шема за „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ поддржан од Швајцарска агенција за обнова и развој преку Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Министерството за локална самоуправа.

 

 

Проектот на ученичкиот дом беше изгласан на форумските сесии кои се одржаа во јануари-февруари годинава. Тогаш, надлежните посочија дека е важно во проектите да бидат опфатени ранливи категории, децата или возрасните кои живеат во оддалечени рурални средини, лица кои немаат пристап до услуги. Исто така беше истакнато дека е  важно проектите да имаат регионална основа и да бидат во интерес на жителите на повеќе од три општини во североисточниот плански регион.

МИА

Leave a Reply