Почна реконструкција на подови на 30 училници во кумановската гимназија

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкција на подови на 30 училници во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска од училиштето. Воедно се реконструираат и подрумските простории на објектот.

Loading...

– За реконструкција на подовите на 30-те училници од буџетот на општината одвоени се три милиони денари. Очекуваме подобри и побезбедни услови за одвивање на наставата. Со друг тендер исто така преку општината со три милиони денари се реконструираат подрумските простории кои досега не се користеа. Овие простории ќе се пренаменат за потребите на предметот спорт и спортски активности, некои ќе се користат а пинг-понг, други а фитнес, теретана, изјави директорката на гимназијата, Марија Тодоровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Летово заврши обемната реконструкција на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ Целосно е реконструирана фасадата на училиштето, санацијата на одвоениот објект, училишна спортска сала.

Реконструкција на гимназијата почна на почетокот на минатогодишната учебна година со замена на прозорците и вратите на сите училници, обнова на покривот на централниот дел на училиштето, замена на азбестната кровна конструкција на училишната спортска сала. Проектот чинеше околу 21 милион денари, средства обезбедени од општината. Реконструкција на одвоениот објект, опфати целосна заменет систем за греење, осветлување, нова подна површина.

Претходно, беа набавени Смарт табли и нови компјутери, друг материјал потребен за кабинетите по биологија, физика, хемија, информатика, по музика. Во гимназијата настава последната учебна година следеа 950 ученици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делегација на ЕУ во посета на Општина Куманово (ФОТО)

МИА