Почна реконструкција на дел од малиот градски плоштад во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово започна уредување на дел од малиот градски плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“. Проектот предвидува поставување гранитни окапници и ѕидни елементи, со цел просторот да добие посовремен изглед.

 

Loading...

 

Според градоначалникот Максим Димитриевски, реконструкцијата ќе придонесе за подобрување на урбаната слика на централното градско подрачје.

– Во тек е реконструкција на дел од малиот плоштад кај НУЦК „Трајко Прокопиев“. Активностите опфаќаат набавка, транспорт и монтажа на окапници од гранит, како и ѕидни гранитни елементи, со што просторот ќе добие уреден и модерен изглед, информираше, денеска градоначалникот на општината, Максим Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Барака за мигранти изгоре на Табановце, во Никуштак гори непристапна шума

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски