Почината жена пронајдена во Средорек

Сподели со своите пријатели

Тело на педесетгодишна жена било пронајдено без знаци на живот, викендов во населбата Средорек во Куманово.

– На 21.03.2026 во 17:43 часот во СВР Куманово, лекар од Итна помош Куманово пријави дека во дворно место на  улицата „Средорек” во Куманово била пронајдена почината Г.Д. (50) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а телото е предадено на Институт за судска медицина Скопје за вршење обдукција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарките на Куманово убедливо го совладаа ЖРК Вардар (ФОТО)