Починала како бездомник без да знае дека наследила скоро милион долари

Сподели со своите пријатели

Бездомничката Кејти Бун од Орегон починала во јануари 2020 година во прифатилиште за бездомници во Асторија, Орегон, не знаејќи дека наследила скоро милион долари, поточно 884 447.долари….

Loading...

Кејти инаку страдала од ментални здравствени проблеми и злоупотреба на лекови. Кога нејзината мајка починала во 2016 година, таа и оставила на Кејти значително наследство од околу еден милион долари, но никој не успеал да ја најде Кејти.

„Навистина не е фер. Тие пари беа едноставно таму, додека навистина и требаше помош во најтешките маки”, изјави нејзиниот татко Џек Спитол.

 

 

Откако нејзиното семејство објави оглас во печатот и безуспешно побара помош од приватен истражител, парите на крајот биле префрлени на сметката на локалните власти и никој што ги поседувал парите никогаш не одговорил.

„Со оглед на годината и половина од работата и напорите на личниот застапник, како и на адвокатот во овој конкретен случај, државата навистина не можела да стори нешто повеќе“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Клаудија Кобанану.

Loading...

 

 

Таа додаде: „Ова е единствен случај и ние искрено сочувствуваме со семејството“.

Не е познато што ќе се случило со парите сега кога Бун починала, сепак, таа има две биолошки деца кои можат да побараат од тие средства, пренесува KGW News.

Leave a Reply