Почина жената на која ѝ беше трансплантиран бубрег од свиња

Сподели со своите пријатели

Лиса Писано, првата личност која добила механичка срцева пумпа и генетски конструиран свински бубрег, починала во неделата, соопшти NYU Langone Health, каде што била оперирана.

Loading...

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај.

Таа не е првата личност на која ѝ беше извршена трансплантација на свински орган, но таа беше првата со механичка пумпа за срце на која ѝ беше трансплантиран свински орган, пренесува CNN.

„Таа беше храбра и алтруистичка“, рече др. Роберт Монтгомери, директор на Институтот за трансплантација на Лангон во Њујорк.

„Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нè донесе поблиску до иднината во која некој не мора да умре за некој друг да живее“.

Таа не беше кандидат за стандардна трансплантација

Поради срцева слабост и краен стадиум на бубрежна болест за која е потребна рутинска дијализа, Писано не била кандидат за стандардна трансплантација, соопшти болницата.

Свинскиот бубрег што го добила Писано бил генетски модифициран за да се избегнат човечки антитела, кои вообичаено откриваат и напаѓаат туѓи органи.

Свинската тимусна жлезда, која игра улога во имунитетот, била ставена под бубрегот на свињата за дополнително да му помогне на телото на жената да го прифати органот.

Loading...

Но, бубрегот беше отстранет во мај, откако беше утврдено дека „веќе не придонесува доволно за да се гарантира продолжување на имуносупресивниот режим“, рече тогаш Монтгомери.

Инаку, лекарите во САД вршат ксенотрансплантација (трансплантација на органи и ткива на животни) во ретки случаи, со дозвола на Американската агенција за храна и лекови.