Почина војникот кој го уби познатиот герилец Че Гевара

Сподели со своите пријатели

Боливискиот војник Марио Теран Салазар, кој го уби кубанскиот герилец Ернест Че Гевара, почина во четвртокот на 80-годишна возраст во Санта Круз де ла Сиера, во источна Боливија.

„Тој умре. Беше болен и ништо не можеше да се направи за тоа“, изјави за новинарите Гери Прадо, командант на боливиската воена единица која го зароби Че во боливиската џунгла пред 54 години.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Прадо дознал за смртта на Салазар во четвртокот наутро.

„Ми кажаа членовите на неговото семејство и соборците бидејќи беше во воена болница“, рече тој.

Болницата одби да ја потврди смртта поради „заштита на приватноста и доверливоста на медицинските податоци“.

 

СЗО препорача Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

 

Боливиската армија го зароби Че Гевара, митски револуционер за време на Студената војна, во октомври 1967 година со помош на агенти на ЦИА.

Че, кој сакал да ги запали револуциите во Латинска Америка, тогаш предводел неколку герилци во боливиските планини кои преживеале борби, глад и болести.

Уапсен и ранет, тој бил префрлен во напуштено училиште во селото Ла Игуера.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Таму ја поминал последната ноќ. Тој бил убиен на 9 октомври од тогашниот наредник Теран Салазар (27), по наредба на боливискиот претседател Рене Бариентос, жесток антикомунист.

„Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Видов висок, многу висок Че пред мене. Неговите очи беа светли”, рекол тогаш Теран Салазар.

„Биди смирен“, ми рече. „И нишани внимателно, ќе убиеш човек.“ Потоа се вратив назад, кон вратата, ги затворив очите и пукав“, рече тој.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Че, кој беше легенда за време на неговиот живот, стана трофеј. Неговото тело беше изложено во блискиот град Валегранд и овековечено со фотографија на фотографот на АФП Марк Хатен.

По триесет години служба, Теран Салазар се пензионираше и живееше во анонимност, избегнувајќи ги новинарите.

Извесен период дури кажа дека не го убил познатиот герилец туку војник со исто име и презиме.