Почина трудницата чија слика го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

Сподели со своите пријатели

Почина трудницата чиј лик го обиколи светот по руското бомбардирање на породилиштето, јавува Асошиетед прес.

Loading...

Асошиетед прес сними како бремена жена на носилки се спасува низ урнатините до брза помош додека го гали својот крвав труднички стомак, а нејзиното бледо лице го одразува шокот од она што штотуку се случило.

Веднаш била пренесена во друга болница каде лекарите се бореле да ја одржат во живот.

 

Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

 

АП пишува дека кога сфатила дека ќе го изгуби бебето, им викала: „Убијте ме сега!“.

Хирург од болницата им рекол дека е донесена во тешка состојба, дека и се смачкани карлицата и колкот и дека лекарите направиле царски рез за да се обидат да го спасат бебето.

Loading...

За жал, бебето не давало знаци на живот, па, вели хирургот, тргнале да го спасат животот на мајката.

„Повеќе од 30 минути ја реанимиравме нашата мајка, но за жал не успеавме. И бебето и мајката починаа“, изјавил хирургот.

 

Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн

 

АП пишува дека во хаосот по нападот, лекарите не успеале да го дознаат нејзиното име, но нејзиниот сопруг и татко сепак дошле по нејзиното тело“.

„Барем некој дојде по неа, па таа не заврши во масовни гробници кои се копаат за се поголемиот број мртви во Мариупол“, заклучува АП.