Актерот Богољуб Митиќ, или попознат како Бата Ѓоша од улогата во српската серија “Семејно богатство”, почина денес од последици од срцев удар.
Веста за смртта на комичарот ја потврди и директорот на Театарот во Лесковац. Веста за смртта ја пренел познатиот актер Предраг Смиљковиќ, познат во јавноста како Тика Шпиц, кој токму во познатата српска комична серија глумеше брат на сега веќе починатиот Митиќ.
Инаку, Митиќ по завршување на средното образование не продолжил да се школува на Факултетот за драмски уметности и беше сметан за актер – аматер. Но, и покрај таквиот статус, тој се прослави со улогата на Бата Ѓоша, но и со улогите во сериите “Сељаци”, “А сад адио”, ” Агенција за СИС”, и други останати остварувања.
Митиќ почина на 49 – годишна возраст.
https://www.youtube.com/watch?v=izRSau3KsF4
Loading...