Во Куманово, на 90 – годишна возраст, вчера почина Спиро Зафировски – Фртунац, претседател на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОБ Куманово.
Loading...
Зафировски е роден во 1925 во Куманово, кога во пролет 1944 се приклучува на НОБ како дел од 17 – та кумановска партизанска бригада како извидничар во Службата за известување.
Ноќта спроти 11 ноември 1944 година, како поставен извидничар, Зафировски добил задача да го набљудува движењето на окупаторските германски сили во Куманово, при што доцна во ноќта, откако увидел дека Германците се повлекуваат кон Скопје, Зафировски ја доставил информацијата до партизаните кога и следното утро започнува ослободувањето на градот.
По завршувањето на Втората Светска војна, Зафировски продолжил да работи во ЈНА и Територијална одбрана на општина Куманово како началник на штаб од каде и стапува во пензија.
Loading...
Спирко Зафировски во неколку наврати беше претстедател на Општински одбор на Сојуз на борци Куманово. Тој е татко на три деца, дедо на пет внуци и шест паравнуци.
Минатата година, Зафировски наполни 90 години и беше еден од малкуте живи учесници во НОБ од Куманово.