Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, кој беше застрелан денеска за време на предизборен митинг во градот Нара додека држеше говор.
Веста ја пренесоа бројни светски медиуми и агенции, меѓу кои и јапонските државни медиуми.
Абе беше застрелан во градите и грбот, а неговиот напаѓач по пукањето бил уапсен. Абе бил тешко ранет и на лице место не давал знаци на живот.
Пред да се повлече од функцијата премиер во 2020 година, Абе беше премиер со најдолг стаж на Јапонија. Поради нарушена здравствена состојба ја напушти премиерската канцеларија.
Тој се залагаше за економски реформи и воспостави клучни дипломатски односи. Но, имаше и скандали за време на неговиот мандат.
Japan’s ex-PM Shinzo Abe has succumbed to his wounds – NHK reports pic.twitter.com/Ttgn7R8BWA
— RT (@RT_com) July 8, 2022
Го сметаа за симбол на промени и младост
Абе првпат стана премиер во 2006 година на 52-годишна возраст, што го прави најмладиот човек што ја презеде премиерската функција во Јапонија. Тие го сметаа за симбол на младоста и промените.
Првиот мандат на Абе беше турбулентен, опфатен со скандали и контроверзии и заврши со негова ненадејна оставка.
Откако првично сугерираше дека се повлекува од политички причини, тој призна дека страда од она што подоцна беше дијагностицирано како улцеративен колитис.
Се работи за хронично воспаление на цревата кое барало неколкумесечно лекување. Абе рече дека на крајот ја победил болеста со помош на нови лекови.
Планот на Абе за Јапонија
Абе повторно се кандидираше и повторно стана премиер во 2012 година. Во тоа време, Јапонија сè уште се оптеретуваше од последиците од цунамито во Фукушима и нуклеарната катастрофа во 2011 година, а Абе навидум нудеше спас.
Неговиот план беше „Abenomics“ – план за заживување на економијата, која беше во стагнација повеќе од 20 години.
Планот на Абе вклучуваше масивни владини трошоци, огромно монетарно олеснување и намалување на бирократијата.
Абе, исто така, се обиде да го зајакне опаѓачкиот наталитет во земјата со тоа што работните места ќе ги направи попријателски за родителите, особено за мајките.
Тој ги поттикна контроверзните зголемувања на даноците за потрошувачка за да помогне во финансирањето на градинките и да ги затвори дупките во преоптеретниот јапонски систем на социјална помош.
#BREAKING Japan police raid suspect’s home after Abe shooting: NHK pic.twitter.com/iakhkxCuCx
— AFP News Agency (@AFP) July 8, 2022
Иако има одреден напредок во реформите, главните структурни проблеми на економијата не исчезнаа.
Дефлацијата сè уште беше присутна, а економијата беше во рецесија дури и пред избувнувањето на коронавирусот во 2020 година.
За време на пандемијата, популарноста на Абе дополнително се намали бидејќи неговиот пристап за решавање на проблемот беше критикуван како бавен и збунувачки.
Абе и надворешната политика
На меѓународната политичка сцена, Абе зазеде тврд став кон Северна Кореја, но сакаше да биде миротворец меѓу САД и Иран.
Абе, исто така, создаде личен однос со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но тој не го искористи тој однос за да разговара со него за прашања кои се важни за Јапонија, како што се Северна Кореја и трговијата.
На крајот, Трамп сепак сакаше да ја принуди Јапонија да плати повеќе за американските војници стационирани во нејзината земја.
Поранешниот јапонски премиер се обиде да ги поправи врските и со Кина и Русија. Сепак, договорот со Русија за спорните северни острови не беше постигнат, а пропадна и планот кинескиот претседател Си Џинпинг да допатува во државна посета на Јапонија.
Абе одби да направи компромис за Јужна Кореја и нерешените воени спорови и продолжи со плановите за ревидирање на пацифистичкиот устав на Јапонија.
За време на неговиот мандат, Абе издржа политички „бури“. Тој требаше да остане премиер до крајот на 2021 година, но се повлече, по втор пат, во август 2020 година. Така заврши неговиот втор мандат.