Почина шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, брат на претседателот на ОАЕ

Сподели со своите пријатели

Шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, брат на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), почина утрово, објави државната новинска агенција на Емиратите ВАМ (ВАМ).

Loading...

Саид бин Зајед Ал Нахјан, роден во 1965 година, беше претставник на шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за време на бројни официјални меѓународни посети.

За смртта на шеикот во ОАЕ е прогласена тридневна жалост.