Почина шефот на сицилијанската мафија: Последниот кум на Коза Ностра!

Сподели со своите пријатели

Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако помина 30 години во бегство, објави во понеделникот новинската агенција АНСА, пренесува Ројтерс.

Loading...

Месина Денаро (61) во моментот на апсењето боледуваше од рак на дебелото црево.

Бидејќи неговата состојба се влошила во последните недели, тој бил префрлен во болница од затвор со максимално обезбедување во централна Италија.

Денаро не побарал агресивен медицински третман, објави АНСА, додавајќи дека лекарите престанале да му даваат храна откако паднал во неповратна кома.

Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот град на Сицилија, Палермо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брејвик повторно бара предвремено ослободување од затвор

По апсењето, Денаро беше осуден на шест последователни доживотни затворски казни и затворен во максимално обезбедениот затвор во Аквила каде, според достапните информации, продолжил со лекувањето.

Познат по прекарот Дијаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател беше.

Матео Месина Денаро беше долгогодишен шеф на Козе Ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се протегаше до Палермо.

Loading...

Тој беше безмилосен убиец и последен претставник на „старата гарда“ на Коза Ностра.

Во 1992 година, тој беше дел од група мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Рина (1930-2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лидерите од Г20 повикаа на зголемување на хуманитарната помош за Газа

Тоа им успеа во бомбашки напад на 23 мај во близина на Палермо.

Матео Месина Денаро исчезна во летото 1993 година и стана најбараната личност во Италија.

Во годините што следеа интензивно се трагаше по него.

На крајот било утврдено дека тој престојувал недалеку од родниот град Кастелветрано во западна Сицилија.

По долгогодишно прислушување на членовите на неговото семејство и пријателите, полицијата на крајот му влегла во трага на Денаро и го уапси во приватна клиника во Палермо каде што дошол на редовен медицински преглед.