Почина поранешниот градоначалник на Куманово, Бајрам Сулејмани

Сподели со своите пријатели

Почина Бајрам Сулејмани, кој беше градоначалник на Куманово во периодот од 1989 до 1991 година.

Сулејмани беше извонреден педагог, професор, новинар и публицист. Во текот на својата богата кариера работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалната радио станица, а во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово.

Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната  Занаетчиска Комора.

Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски денеска упати сочуство до семејството Сулејмани.

– Со должна почит сакам да упатам искрено сочувство до семејството на поранешниот градоначалник на Општина Куманово, г-дин Бајрам Сулејмани. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница. Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување, напиша Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Општа болница Куманово отворен Центар за менаџирање со дебелина (ВИДЕО)

Никола Ивановски