Еден од најпознатите пејачи на изворна и староградска музика од поранешна Југославија, Предраг Гојковиќ Цуне почина денеска во 85 година од животот.
Тој беше познат српски пејач на народни песни, севдалинки, забавни и мексикански песни.
Познат беше по прекарот Цуне кој го добил по својата мајка која му велела “Да те мајка цуне”.
Гојковиќ е роден во 1932 година во селото Брзан во Шумадија. По завршувањето на средното образование во Белград, се запишал на Трговската академија, но никогаш не ја завршил, посветувајќи се на својата најголема љубов – музиката.
Loading...