Глациологот Клод Лориус, чии експедиции помогнаа да се докаже дека луѓето се одговорни за глобалното затоплување, почина на 92-годишна возраст, пишува Би-би-си.
Лориус почина во вторникот наутро во францускиот регион Бургундија.
Во текот на животот водел 22 експедиции на Гренланд и Антарктикот, а љубовта кон авантурата го насочила на патот на идентификување на иднината на планетата Земја, пишува Би-Би-Си.
Во 1956 година, само што завршил универзитет, се приклучил на експедиција на Антарктикот. Температурите таму биле и до -40 степени Целзиусови.
И покрај тоа, Лориус и уште двајца мажи живееле таму две години, преживувајќи со ограничени резерви и неисправно радио.
Колку повеќе поларни експедиции водел на континентот, толку повеќе бил фасциниран од мистериите на Антарктикот.
Во 1965 година, тој дошол до откритието со собирање примероци од мраз и нивно внесување во виски. За тоа зборуваше половина век подоцна.
„Една вечер, по длабокото дупчење, во нашиот приколка пиевме чаша виски во која ставивме стари коцки мраз. Гледајќи ги воздушните меури кои блескаат во нашите чаши, дојдов до идеја дека ова се примероци од атмосферата заробена во мразот“, рече тој.
Сфаќајќи го научниот потенцијал за анализа на заробениот воздух, тој потоа решил да ги проучува ледените јадра – примероци издупчени од мраз кои делуваат како замрзнати временски капсули.
Со дупчење низ мразот, Лориус пробил во минатото, продирајќи, според неговите зборови, „ледот на првото ледено доба“.
Неговото истражување за воздушни меури заробени во мраз беше објавено во 1987 година.
Покажа дека иако јаглерод диоксидот варира малку, по индустриската револуција, концентрациите на стакленички гасови се зголемија заедно со температурата.
Истражувањата на Лориус му донесоа меѓународна слава и им овозможија на научниците да погледнат наназад на глацијалните записи стари над 160.000 години.
Францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS) соопшти дека „нема простор за сомневање“ дека глобалното затоплување е предизвикано од загадување предизвикано од човекот.
Оттогаш тој стана борец, а во 1988 година беше инаугуративен експерт на Меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени.
Во 2002 година го добива златниот медал на CNRS заедно со неговиот колега Жан Жузел.
Лориус беше и првиот Французин кој ја доби престижната награда Сина планета.