Почина најсмртоносниот џелат во Бангладеш. Обесил 60 луѓе

Сподели со своите пријатели

Почина најсмртоносниот џелат во Бангладеш, кој обесил десетици сериски убијци и политичари, за што напиша дури и книга.

Loading...

Обесени 60 луѓе

Како што јави Би-Би-Си, Шахјахан Бујан (74) бил примен во болница во главниот град на земјата, Дака, откако се пожалил на болки во градите, за да умре неколку часа подоцна.

Се верува дека Бујан извршил најмалку 26 егзекуции, но некои извештаи велат дека бројот е 60.

Поранешниот револуционер станал џелат додека отслужувал 42-годишна затворска казна за грабеж и убиство.

Желбата на Бујан да му се намали затворската казна со волонтерство како џелат била наградена минатата година и тој бил ослободен 10 години порано од крајот на казната.

„Ако не ги обесев јас , некој друг ќе ги обесеше“

Меѓу оние кои загинале од неговите раце има и воени офицери прогласени за виновни за убиство на основачот на земјата, шеикот Муџибур Рахман, татко на актуелниот премиер на Бангладеш.

Тој, исто така, ги егзекутирал политичарите Али Ахсан Муџахид и Салахудин Куадер Чоудри, кои биле обвинети за воени злосторства, како и серискиот убиец Ершад Шикдер.

Бујан отсекогаш ја бранел својата улога, наводно велејќи: „Да не ги обесев јас, некој друг би ги обесил“.

Loading...

Книгата за неговите искуства, вклучително и објаснување за постапката на бесење, беше објавена претходно оваа година и привлече значително внимание.