Доцна попладнево на една од скопските клиники почина долгогодишниот новинар и поранешен просветен работник, Столе Божиновски.
Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син, новинарот Зоран Божиновски.
Столе Божиновски во минатото има работено како учител низ кратовско и кумановско, а во подоцнежниот период работи за повеќе редакции, како во Македонија, така и во поранешна Југославија.
Долги години од својата новинарска кариера работеше како дописник за „Утрински весник“ од Куманово, а воедно и во Радио Куманово, „Наш весник“, РТВ Куманово и други.
Loading...