Кипарскиот архиепископ Хрисостом II утрово почина, објави државната телевизија на земјата.
Хрисостом (81) боледувал од рак на црниот дроб и последните денови ги поминал во седиштето на црквата во главниот град, пренесува АП.
Во соопштението на лекарскиот тим се наведува дека надбискупот мирно починал утрово во 6 часот и 40 минути по локално време.
„Сите кои беа блиску до него во тешките часови на неговата болест ја почувствуваа неговата понизност, добрина и длабока вера, како и грижата за неговото стадо“, се вели во соопштението.
Се нагласува дека архиепископот зад себе оставил наследство обележано со неговата „визија, храброст, почит и желба за обновување на црковната историска традиција, како и иновативни промени кои секогаш имаа за цел единство на црквата“.
– Она што секогаш ќе го следиме е неговата директност, добрина и неговата насмевка“, се вели во соопштението.
Државната телевизија објави дека Светиот Синод – највисокото црковно тело што носи одлуки – ќе се состане за да ги договори деталите за погребот, на кој ќе бидат поканети поглаварите на другите православни цркви.