Најстариот човек на светот, Индонезиецот Содимеџо, познат како Мба Гото (дедо Гото) ги надживеал четирите жени и сите деца и во 146 година од животот починал.
Гото е роден во декември 1870 година, но податоци за тоа нема затоа што во Индонезија дури 1900 година започнале да се бележат датумите на родени како службен податок. Меѓутоа, документи кои стариот ги имал со својот вистински датум се веродостојни, потврдиле службеници за ВВС.
Мба Гото на 12 април бил хоспитализиран, шест дена подоцна барал да се врати дома.
Откако се врати од болница јадеше по некоја лажица каша и едвај пиеше. Два дена беше така, а тогаш престана и да јаде се додека така не почина – вели неговиот вкун Сујанто.
Loading...