Почина Цвета Андоновска, најмладата партизанка во историјата на Народноослободителната борба на Македонија и сестра на народниот херој Тоде Думба.
Андоновска уште од својата 11-годишна возраст активно дејствувала за движењето на отпорот, несебично вклучувајќи се во борбата против непријателот за слобода на македонскиот народ.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски упати сочуство до семејството.
– Од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Куманово сакам да го изразам моето најдлабоко сочувство до семејството на Цвета Андоновска, за огромната загуба со која се соочија. Оваа храбра жена во себе чуваше богатство од сведоштва за револуционерното минато, водејќи се од мислата дека слободата нема цена. Нејзиниот впечатлив лик ќе останат во сеќавање на многу генерации, напиша Димитриевски.
Никола Ивановски

