Почина Абдилаќим Адеми

Сподели со своите пријатели

По тешко боледување синоќа почина Абдилаќим Адеми, кој беше член на ДУИ, а извршуваше и високи државни функции.

Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука.

Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце.

Роден е на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, а во Германија на Техничкиот универзитет стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.

Адеми беше оженет и татко на еден син.

Ќе биде погребан денеска на пладне на гробиштата во неговото родно село Шемшово во Тетово.

Тој е роден во Шемшево, тетовско 20 декември 1969 година.

Јавноста го памети по членството во ДУИ, а беше потпретседател за спроведување на Рамковниот договор во Владата на Македонија од 2008 година.

Биографија:

Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Завршил и школа за млади политичари и обука за креирање политик. Од 2002 до 2006 бил пратеник во Собранието на Македонија[2] каде бил член на комисијата за Економски прашања, за финансирање и буџет, за транспор, врски и екологија и комитетот за односи меѓу заедниците. Од 2006 до 2007 бил член на Бордот на Директори во АД „ГА-МА“ во Скопје. Во периодот 2004-2006 бил асистент во Државниот Универзитет во Тетово каде предавал во предметот Анализа на градежни материјали. Член е на ДУИ од основањето во Централниот Одбор и претседател на Огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Женет е и татко е на еден син. Освен македонскиот и албанскиот, Адеми се служи и со италијанскиот јазик.

Leave a Reply