Почесниот конзул на Франција во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Делегација од Франција, предводена од почесниот конзул на Франција во Македонија, Жак Шлиф, и претседател на Асоцијацијата ALMA-ALZAS со седиште во Стразбур, вчера ја посети Општина Куманово.

 

 

Во составот на делегацијата беа и претставничките на асоцијацијата Жeневјев Губелман и Кристин Охрел, како и Јадранка Стефкова од Habitat for Humanity Macedonia.

 

 

Гостите остварија средба со претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, во придружба на претставници од општинската администрација.

 

 

Во рамки на посетата, француската делегација го посети и ООУ „Толи Зордумис“, каде што се разговараше за можностите за идна соработка, особено во делот на реконструкција на училиштето, како и за организирање културни манифестации во 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Свечено отворено 28. издание на фестивалот „Денови на комедија“ (ГАЛЕРИЈА)

 

 

Посетата претставува значаен чекор кон унапредување на пријателските односи и културната соработка меѓу Куманово и партнерите од Франција.

Никола Ивановски