Победи за ракометарките и ракометарите на Куманово

Сподели со своите пријатели

Ракометарките и ракометарите на Куманово викендов забележаа победи на гостувањата во домашните првенства.

Ракометарите на МРК Куманово во рамките на 12 коло од машката ракометна Супер Лига го совладаа тимот на РК Радовиш во гости со 30-19.

Најдобар поединец кај победниците беше Александар Стојков со перфектен учинок (11/11), а во редовите на Радовиш се истакна Димов  кој впиша четири погодоци зад своето име.

За Куманово ова е само втора победа сезонава, додека Радовиш останува закован на дното со чисти дванаесет порази од исто толку одиграни натпревари.

Ракометарките на ЖРК Куманово пак забележаа победа над тимот на ЖРК Астибо на гостувањето во Штип со резултат 24:29.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово го разбуди спортскиот дух – Салата „грмеше“ како некогаш! (ФОТО)

Најефикасна во дресот на Куманово беше Мариана Силва Азеведо со 11 реализирани погодоци, додека 7 голови впиша Нена Несторовска и еден помалку Росана Павлова. Во дресот на Астибо, најдобар учинок имаше Марија Анчева со 11 погодоци.

За кумановки ова е трета победа од почетокот на првенството, додека домашниот тим досега има една победа помалку.

Никола Ивановски