Кошаркарите на Куманово оставарија уште една победа во рамките на БИБЛ лигата откако вчеравечер на домешен терен го сволдаа составот на Сигал Приштина со резултат 86:68 и обезбедија пласман во втората фаза од натпреварувањето.
Loading...
Со три поени бекот на КК Куманово го отвори мечот против косовскиот првак, а Пековиќ и Мијатовиќ дадоа свој допринос за серијата 9-0 уште на стартот, за да набргу екипата на Куманово постигне резултат 21:11 и поведе со првата двоцифрена разлика. Првиот дел од средбата заврши во корист на избраниците на Србиновски со резултат од 36:35.
Второто полувреме не донесе битна разлика, откако желбата на Александар Костоски да се одолжи на својот клуб, со оглед дека последен пат настапи во сино-белиот дрес сезонава беше огромна. Тоа го препознаа и неговите соиграчи и сите топки му ги подаваа за да реализира шут, а капитенот тоа одлично го искористи па водствот на третата четвртина од натрепварот беше 66:52 во корист на домашниот состав.
Loading...
Во последните 10 минути од натрепварот кумановци направија четири поени повеќе од гостинскиот состав, па на крајот Костоски славеше со кумановци со резултат 86:68.
Најдобар со 29 поени беше токму капитенот Костоски, а веднаш зад него Мијатовиќ со 18 поени и 9 скока, како и Јанески со 14 поени и 8 скокови.
Со оглед на киксот што го имавме со тимот на Башкими на домашен терен моравме од негде да ги вадиме тие бодови и бевме свесни дека нема да биде лесно против тимот на Приштина кои се едни од главните фаворити за совојувањ ена титулата, меѓутоа да кажам ни фати шутот, влеговме во добар ритам и успеавме да ги освоиме овие многу битни два бода кои ќе значат веројатно пласман во втората фаза – рече Костоски.
КК Куманово моментално ја зацврсти својата водечка позиција во групата А од БИБЛ лигата со шест победи и еден поарз, со што обезбеди пласман во понатамошниот тек од натпреварувањето. Следниот натпревар во рамките на Балканската лига го игра дури следната година против составот на Кожув.