Египќанката која изгуби 325 килограми благодарение на операција во една индиска болница замина во Обединетите Арапски Емирати за да го продолжи своето лекување.
Еман Ахмед беше тешка над 500 килограми кога во февруари пристигна во Мумбаи за лекување и беше официјално најтешката жена во светот. Лекарите кои и го намалиле желудникот за да допринесат за намалување на нејзината тежина велат дека денес нејзиното лекување ќе биде продолжено во болница во Абу Даби.
Loading...
Еман има лимфедем, болест која предизвикува отекување на тиковто, а во 11 година преживеала мозочен удар по кој постепено започнала да се дебелее.
Триесетгодината Египќанка и екипа од девет лекари со изнајмен авион оделтале во Абу Даби.