По втор пат Афроамериканец ќе биде градоначалник на Њујорк (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ерик Адамс, Афроамериканец, поранешен полицаец и антирасистички синдикалец, е избран за градоначалник на Њујорк, објавија американските телевизиски мрежи CBS и NBC (NBC) во вторникот вечерта за прелиминарните резултати од гласањето.

Loading...

Според првите резултати од гласањето за градоначалник на Њујорк, демократот Адамс (61) го победи својот противкандидат републиканецот Кертис Слива (67).

Адамс, кој ќе стане вториот градоначалник со темна кожа на Њујорк, освоил околу 70 отсто од гласовите, а Слива 23 отсто.

Новиот градоначалник, кој потекнува од сиромашно семејство во Бруклин, основал антирасистички синдикат како полицаец.

Подоцна беше избран во локалната власт на Њујорк, што беше негова отскочна штица за изборите за градоначалник.

За време на предизборната кампања Адамс се претставуваше како бранител од средната класа, кој е близок и со деловните кругови во Њујорк.

 

Loading...