SpaceX досега лансираше повеќе од 1.700 сателити Starlink во вселената, а тој број во иднина треба да надмине 30.000.
Заедно со зголемувањето на бројот на сателити во ниска орбита, расте и бројот на корисници на вселенски и сателитски интернет.
Како што се пофали Илон Маск на Твитер оваа недела, SpaceX испрати повеќе од 100.000 терминали до Starlink, што претставува зголемување од 10.000 во последните три недели.
Starlink не е наменет како замена за класичниот широкопојасен и мобилен интернет, туку првенствено е наменет за области каде што интернет со голема брзина во моментов не е достапен, како што се оддалечените и руралните области.
Со оглед на тоа што се работи за сателитски интернет, јасно е дека услугата нема да биде евтина и првично чини 100 долари месечно.
За да го користите Сталинк, треба да ја купите потребната опрема – сателитска антена, држач и рутер, што е дополнителен почетен трошок.
Во моментов, интернетот на SpaceX, како што напиша Маск на Твитер, е достапен во 14 земји, а компанијата побарала дозвола да обезбеди интернет услуги и во други земји.
Тест верзијата на услугата стана достапна за првите корисници на крајот од минатата година за ограничен број на корисници, а SpaceX се надева дека нивната услуга, како што се зголемува бројот на сателити во ниска орбита, ќе биде достапна за скоро сите на планета до крајот на следната година.
Во однос на перформансите, брзината е помеѓу 50 и 150 Mbps, со задоцнување помеѓу 20 и 40 ms.
Маск неодамна рече дека нивната цел е да се задржи доцнењето на 20 ms, додека брзините треба да се удвојат до максимум 300 Mbps.
Сепак, тој предупреди дека пречките за сателитскиот интернет, како и позицијата на корисниците, повремено може да доведат до краткотрајни прекини на интернет конекцијата или пад на квалитетот на услугата.