По улиците на Тајланд возел лав: Сопственичката е уапсена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Тајланд уапсила жена чиј миленик лав бил снимен додека се вози низ градот Патаја.

Loading...

Вирално стана видеото од младенче лав како гледа минувачи од задниот дел на автомобилот.

Лавот со синџири го возел маж од Шри Ланка, кој оттогаш ја напуштил земјата, а властите веруваат дека тоа бил пријател на сопственичката на животното, Саванѓит Косунгнерн.

Иако не е нелегално да се поседува лав во Тајланд, тој мора да биде официјално регистриран.

Саванџит рече дека го купила младенчето од Тајланѓанец во провинцијата Након Патом, кој го доставил во Патаја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Древни натписи стари над 4.500 години откриваат кој ги градел пирамидите, Не се вонземјани и робови

Меѓутоа, подоцна се покажало дека службениците не го провериле неговиот објект каде што чува животни, поради што продажбата била нелегална, пишува Би-Би-Си.

 

Loading...

 

Тие се соочуваат со затворска казна

Поради тоа, Саванѓит се соочува со обвинение за нелегално поседување диво животно, што предвидува казна од една година затвор и парична казна до 100.000 бати (околу 2.500 евра).

Властите, исто така, имаат намера да обвинат маж од Шри Ланка за внесување на диво животно на јавно место, што предвидува затворска казна до шест месеци и парична казна од 50.000 бати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Катастрофални поплави го погодија Тексас: Најмалку 24 загинати, се трага по повеќе од 20 деца…

Следат обвиненија и против човекот кој го продал лавот на Саванџита затоа што го преселил животното без дозвола.

Официјални лица велат дека моментално во Тајланд има 224 лавови во легална сопственост.