По три ноќи поминати во паб поради снежна бура, гостите не сакале да си одат дома (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спасувачите успеале да се пробикат до пабот „Тан Хил Ин“ изграден на најголемата надморска височина во Велика Британија и да ги ослободи гостите кои три ноќи беа заробени од снегот што го донесе невремето Арвен.

Loading...

На врвот на Јоркшир Далс, на 528 метри надморска височина и 18 километри од најблискиот град, се наоѓа најизолираниот паб во Британија, „Тан Хил Ин“ сместен во куќа од 17 век, која исто така се смета за единствена зграда во Британија изгради на таа висина.

Шеесетина гости кои пристигнале во петокот вечерта да уживаат во концертот на трибјут бендот на групата „Оазис“ кога невремето Арвен го зафати Обединетото Кралство, останаа заробени во снежната бура за време на викендот.

 

 

По тридневното дружење поминато во играње квизови во кафеана, табла и пеење со караоке, покрај гостите, членовите на „Ноисеис“ успеаја да ги ископаат возилата од снегот во понеделник наутро и тргнале  по патеката што ја расчистиле.

Снежната виулица направила снежни наноси околу пабот високи над два метри, така што спасувачите морале да го пробијат тунелот до влезната врата, но патиштата останаа непроодни поради силниот ветер што ги срушил далеководите.

Loading...

Покрај акустичните изведби на „No-Aces“ – сега наречени „Snow-Aces“ – како што изјави генералниот директор на пабот, Никол Таунсенд – гостите гледале филмови и уживале во традиционалниот неделен ручек.

 

 

„Сите гости беа прекрасни, па имавме неверојатна среќа. Тие беа полни со поддршка, разбирање и трпение“, изјави Таунсенд за утринската програма на ITV, додавајќи дека гостите помогнале да се исчисти и да се подготви ручек. „Тие исто така се согласија да ги делат собите со оние кои немаа резервација, некои дури спиеја на софи и подови“, додаде таа.

„Се дружеа и пееја, тоа беше како собир на добри пријатели… Една дама рече дека не сака да си замине и дека веќе закажале пповторна средба“, тврди Никол.

Покрај храната, пијалоците и забавата, менаџерот нагласува и дека персоналот „се грижел и за личната хигиена“.

„Сите станавме пријатели. Звучи малку како клише, но навистина сите дојдоа како странци и си заминаа како пријатели“, изјави менаџерот за BBC Radio 4.

Loading...

Ова не е прв пат „Тан Хол Ин“ да остане покриен со снег. Пет дена во 2013 година, вработени и четворица гости биле заробени во пабот.