По трет пат годишен концерт на КУД „Српски вез“

Сподели со своите пријатели

По повод три години од постоењето на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во сабота со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на кој ќе се претстават  фолклорот и културата на српската заедница.

Со богата свечена програма на концертот ќе се претстават домаќините од Српски вез и нивнот огранот од Општина Старо Нагоричане, а специјални гости на вечерта ќе бидат членовите на Културно-уметничкото друштво „Бранко Радичевиќ“.

Основна цел и идејата на ова културно друштво е да се сочува таа српска традиција, српскиот фолклор, српска музика и она што нашите предци со години наназад го стварале, а наша должност и част е тоа да го сочуваме и промовираме на адекватен начин, затоа што Српски вез е знаете едно младо друштво со голема желба и амбиција да стане вистински културен српски центар тука во Македонија, меѓутоа ние секој ден се повеќе разивавме добри односи со братскиот македонски народ и заеднички правиме тука нови кореографии, музика. Нашето културно друштво претставувајќи се на ово концерт ќе се претстави со три нови кореографии, тоа е мала група, средна група и нашиот прв ансамбл. Исто така ќе биде претставена нашата прва секција, тоа се четири наши солисти, Гордана Кузмановска, Дејан Петковски, Слаѓан Петрушевски и нашиот нов солист Јована Спасиќ – изјави Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“.

Културно-уметничкото друштво иако постои само три години во своите редови има над 100 членови кои ја претставуваат српската култура и традиција во Македонија.

Концертот е подржан од Министерството за култура на Република Србија, Управата за соработка со дијаспора и Србите во регионот и Министерството за култура на Република Македонија.