Кошаркарите на Куманово го загубија првиот меч од вториот дел од натпреварите од БИБЛ Лигата кои вечерва го играа на домашен терен против израелскиот тим Хапоел Холон со резултат 74:83.
Кумановци имаа тежок натпревар оваа вечер, тоа го покажува и статистиката од првиот дел од натпреварот кога и двете екипи имаа 16 поени впишани на семафорот, со што и двата тима уште на почетокот покажаа голема желба за победа.
Во вториот дел од натпреварот гостинската екипа прикажа за нијанса подобра игра со 4 поени повеќе од Куманово, а со таа разлика се замина и на полувреме.
Желбата за победа кај двата тима не опадна ниту во третата четвртина, а тоа го покажува статистика која вели дека и двата тима имаат по 17 поени уфрлено во овој дел од играта.
Во последните 10 минути од натпреварот, Куманово иако се трудеше да го освои мечот и се приближи до изедначување сепак немаше доволно сили и мечот заврши со победа за израелскиот тим.