Рано утринава околу 01.50 часот во Полициска станица Куманово од Општа Болница – Куманово е пријавено дека кај нив е донесен В.С. (1991) од с.Лопате, со неутврден карактер на повреди, поради што е препратен на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По извршените проверки е констатирано дека В.С. бил физички нападнат во Куманово на ул.„Октомвриска Револуција“ пред угостителскиот објект „Версус“ од страна на С.С. (1994) од Куманово и уште три засега непознати лица.
Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот, кој од страна на јавен обвинител е квалификуван како кривично дело „насилство“, велат од МВР.