По „стоти пат“ се чисти депонијата кај „Туш“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дивата депонија на влезот на населбата Перо Чичо, кај поранешниот маркет „Туш“ денеска повторно се чистеше.

Loading...

 

 

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Македонски железници денеска со тешка механизација го отстрануваа сметот кој несовесни граѓани го трупале во изминатиот период, а има од облека и мебел до градежен шут.

– По кој знае кој пат се чисти оваа депонија, за жал повторно сме тука, со Македонски железници, фирмата која изведува градежни активности на пругата, правиме заедничка акција со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ за расчистување на оваа депонија. Како и секоја година упатуваме апел граѓаните да се воздржуваат од фрлање отпад на оваа локација, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

 

Loading...

 

Според информации на инспекциските служби, додава Стојчевски, депонијата ја создаваат претежно диви превозници на смет со мотокултиватори.

– При собирање на отпад од домаќинства, ја користат оваа локација да го фрлат сметот, иако имаат можност да го одлагаат на самата градска депонија по повластена цена. Како јавно претпријатие направивме неколку обиди за спречување на оваа појава, Општина Куманово имаше и поставено детско катче надевајќи се дека ќе ги одвратиме несовесните граѓани од одлагање отпад на оваа локација, додава директорот.

 

 

Неколку контејнери се поставени на долната страна, додава Стојчевски, кои се празнат и по неколку пати дневно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово

– За жал на контејнерите првично им беа извадени тркалцата, а утредента бидат запалени садовите за смет. Ние пријавивме во СВР Куманово, истите беа заменети беа донесени нови садови за смет и пред месец дена истите повторно беа запалени и ние како јавно претпријатие немаме можност без надлежните органи да се бориме со оваа што се случува тука, додава тој.

Loading...

 

 

На депонијата денеска беше присутна и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска која вели дека проблемот мора да го решаваат сите заедно, и советниците, јавните претпријатија и полицијата.

– Не може Куманово да биде заложник на група граѓани. Ова се група граѓани кои профитираат со нелегално депонирање на смет тука. Од инспекција за животна средина имам информација дека станува збор за некој сив „ТАМ“, за некој зелен „ТАМ“, се знаат сторителите, но не може да се дојде до нив. Кога се пријавува до СВР велат дека такви регистарски талбички не постојат, кога пријавуваме до животна средина велат дека сторителите кога го палат или фрлаат отпадот најчесто не се на терен, месното население не соработува, не ги кажуваат имињата, сите ги знаат, но никој ништо не презема или вели дека не е нивна надлежност, вели Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Што носат последните денови од 2024 година?

 

 

Loading...

Во текот на оваа година ЈП „Чистота и зеленило“ има исчистено над 20 диви депонии во градот.

Никола Ивановски