По средбата Путин – Трамп, Зеленски итно патува во Вашингтон

Сподели со своите пријатели

Лидерот на Украина, Володимир Зеленски, имаше „долг и значаен“ разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Како што истакна во објава на мрежата X, тие прво разговарале „еден на еден“, а потоа ги поканиле европските лидери да им се придружат.

Разговорот траел повеќе од час и половина, вклучувајќи околу еден час билатерален разговор со претседателот Трамп.

– Украина ја потврдува својата подготвеност да работи со максимални напори за постигнување мир. Претседателот Трамп информираше за неговата средба со рускиот лидер и за главните точки од нивниот разговор. Важно е силата на Америка да влијае на развојот на ситуацијата, напиша Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шокантни снимки открија што им прават Русите на војниците од Африка, еден го врзаа за мина (ВИДЕО)

Тој додаде дека го поддржува предлогот на претседателот Трамп за трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија. Како што истакна, Украина нагласува дека клучните прашања можат да се решат на ниво на лидери и дека трилатералниот формат е погоден за тоа.

– Во понеделник ќе се сретнам со претседателот Трамп во Вашингтон, за да разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната. Благодарен сум за поканата, рече тој.

– Важно е Европејците да бидат вклучени во секоја фаза со цел да се обезбедат сигурни гаранции за безбедност заедно со Америка, заклучи Зеленски.