По штрајкот, Луфтханза денеска лета според планираното

Сподели со своите пријатели

По вчерашниот предупредувачки штрајк на копнениот персонал на Луфтханза на аеродромите ширум Германија, кој заврши во шест часот утринава, германската авиокомпанија се врати во нормални операции.

Loading...

Додека вчера беа откажани повеќе од 1.000 летови на Луфтханза, денеска речиси сите летови се на распоред, соопшти компанијата.

На аеродромот во Франкфурт утрово имаше неколку откажани летови, а имаше и долги редици пред безбедносната контрола.

Веднаш по предупредувачкиот штрајк на копнениот персонал, денеска синдикатот на пилотите „Удружење кокпит“ најави можност за прекин на работата.

Еден од шефовите на тој синдикат, Марсел Грелс, за магазинот „Шпигел“ изјави дека ако за тоа се изјаснат мнозинството пилоти, тоа не значи дека веднаш ќе штрајкуваат, но вели и дека тоа е предупредувачки сигнал и дека не треба да блефираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руанда ќе прифати 250 мигранти од САД

Доколку раководството на Луфтханза нема добра понуда во преговорите за плата, тогаш персоналот за летови, како што велат, нема да има друга опција освен да штрајкува, пренесува Танјуг.

„Подготвени сме да разговараме, но нашето трпение е ограничено“, рече тој.

Грелс рече дека пилотите бараат зголемување на платите за 5,5 отсто за тековната година, како и автоматско прилагодување на инфлацијата.

Loading...