По шести пат меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски Матрикс (видео)

Сподели со своите пријатели

Локалниот клуб на СДММ Куманово по шести пат традиционално организира традиционален турнир во мал фудбал во чест Мартин Симоновски Матрикс.

Меморијалниот турнир ќе се одигра во салата на СОУ „Перо Наков“. Рокот за пријавување на екпите трае до утре до 17 часот, а екипите ќе може да се пријават во просториите на СДСМ Куманово во поранешната зграда на Комитет или на телефонскиот број 077-585-800. Турнирот ќе биде отворен на 28ми во сабота во 11 часот, а истиот ден ќе бидат одиграни натпреварите за трето место и финалниот натпревар. Затоа почитувани граѓани ве повикуваме да присуствувате на овој турнир на кој со спортски дух ќе одадеме почит на прерано згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс, изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

 

 

Победниците ќе добијат и награди, пехари и фудбали.