По седум недели војна започна примирјето во Газа: Ова се деталите!

Сподели со своите пријатели

Примирјето меѓу Израел и палестинската група Хамас започна во 06:00 часот по средноевропско време (7:00 часот по локално време) утрово, на 24 ноември.

Loading...

По седум недели војна, повеќе од 14.000 загинати Палестинци и околу 1.300 мртви Израелци, најголемиот конфликт во Појасот Газа во последно време е запрен, барем на четири дена.

Според договорот меѓу Израел и групата Хамас, сега ќе следи размена на заробеници.

Хамас ќе ослободи 50 заложници што ги зеде за време на нападот врз Израел на 7 октомври, додека 150 Палестинци ќе бидат ослободени од израелските затвори.

Исто така, на секои 10 дополнителни затвореници ослободени од двете страни, примирјето ќе биде продолжено за уште еден ден.

Договорот, исто така, предвидува дека Израел ќе престане со какви било воени движења во Појасот Газа.

Можеби најважниот аспект од договорот за огромниот број Палестинци кои живеат на оваа територија е влезот на хуманитарна помош.

Договорен е влез на голем број камиони во кои ќе има и гориво за болниците во Појасот Газа.

Loading...

Сепак, вреди да се напомене дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ова „не е крајот на војната“ и дека по примирјето ќе има нов конфликт.