По само неколку дена новите канти од Градскиот кеј завршија во река (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Една недела не издржаа новите канти за смет поставени на Градскиот кеј во Куманово.

Loading...

Дел од новите садови за смет викендов завршиле во реката Кумановка, откако несовесни граѓани ги демолирале.

 

 

– Кршење и демолирање на новопоставените корпи за отпадоци на Градскиот кеј укажува на континуиран проблем со вандализмот и недостаток на соодветна грижа за јавниот простор. Апелираме до сите граѓани  со своето знаење направете било каков чекор во придонес за поздрава животна средина за сите нас, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.

 

Loading...

 

Кој и зошто ги уништува јавните добра, не е познато и никој до сега не одговарал, ниту е обвинет, иако вакви случаи има скоро секој ден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел со 1,92 промили алкохол, полицијата го привела

Инаку, корпите беа поставени изминатиот викенд како соработка на ЈП „Чистота и зеленило” и Општина Куманово со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН” од Гент, Белгија.

Никола Ивановски