По разорниот земјотрес во Турција пристигнува помош од многу земји

Сподели со своите пријатели

Кина ќе ѝ испрати помош на Турција во износ од 40 милиони јуани, односно 5,49 милиони евра за санација на последиците од разорниот земјотрес, јави денеска кинеската државна телевизија CHTV.

Loading...

Кинескиот Црвен крст ќе ѝ помогне на Турција со 186,2 илјади евра, а исто толку ќе ѝ помогне на Сирија, пренесува Ројтерс.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол денеска издаде наредба за испраќање спасувачи и неопходни медицински материјали во Турција, јавува Би-Би-Си.

Австралија ѝ вети „прва помош“ на Турција во износ од 6,46 милиони евра.

Јапонија веќе испрати специјален спасувачки тим во Турција кој ќе помогне во потрагата по исчезнатите, а во Турција пристигна и првиот Русин Антонов со спасувачи, од трите што беа најавени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Голем број европски земји вчера најавија дека ќе ѝ помогнат на Турција.

Во Сирија веќе пристигна хуманитарна помош од Иран и Ирак.