Полициски службеници вчера растуриле собир во стан во зграда во центарот на Куманово, откако претходно добиле пријава за вознемирување на станарите.
Loading...
– На 08.01.2021 година во 01.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во зграда лоцирана во центарот на градот имало поголема група граѓани кои ги вознемирувале станарите, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициските службеници е влезено во станот во кој биле затекнати 10 лица и било утврдено дека се работи за кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“, појаснуваат од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски