По повод 140 години од раѓањето на Ајнштајн изложени 110 ракописи

Сподели со своите пријатели

Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, пред одбележувањето на 140 години од раѓањето на Алберт Ајнштајн, објави 110 негови ракописи кои се набавени од приватни колекционери во Северна Каролина, САД.

Loading...

Ракописите пружаат увид во неговата работа и приватниот живот и ќе станат дел од Архивата Алберт Ајнштајн.

Во едно од писмата упатени до блискиот пријател Мишел Бес, кој го примил христијанството, Ајнштајнт порачал: „Сигурно нема да одиш во пеколот дури иако си крстен“.

Во писмото се наведува дека како најевреин Бесо нема да мора да го учи јазикот на своите предци, додека Ајнштајн како „еврејски светец“ требало да се срамоти поради фактот дека ништо не знае.

– Но повеќе сакам да ми е срам отколку да го учам, напишал Ајнташјн, алудирајќи на хебрејскиот.

– Сега си отиде од овој чуден свет малку пред мене. Тоа ништо не значи. Луѓето како нас кои веруваат во физиката знаат дека разлиакта помеѓу минатото, сегашноста и иднината е само упорна илузија, рекол Ајнштајн на погребот на својот пријател физичар. Ајнштајн починал само месец дена потоа, на 18 април 1955 година.

This undated photo, released by the Hebrew University in Jerusalem, shows an appendix to Albert Einstein’s 1930 unified theory written by the scientist, a part of the collection of 110 pages the Chicago-based Crown-Goodman Foundation purchased from a private collector in Chapel Hill, North Carolina, and donated to Hebrew University. The university announced the acquisition Wednesday, March 6, 2019, ahead of Einstein’s 140th birthday. (Ardon Bar-Hama/Hebrew University via AP)

Loading...

Во архивите има 80.000 документи кои се однесуваат на математиката а кои се објавени. Тој ги заведувал своите лични и научни ракописи на Хебрејскиот универзитет како еден од соновачите.

Многу од новонабавените документи се однесуваат на математиката и напишани се од 1944 до 1948 година. Една страница содржи обаснување на принципите на атомските бомби и нуклеарни реактори.

Еден од најфасцинантните е научниот труд кој никогаш не е објавен и закој до неаодамна се мислело дека е изгубен, наведуваат израелските медиуми. Тоа всушност е додаток на научен труд претставен во Кралската Пруска академија на науките во 1930 година.

Хебрејскиот универзитет додава дека „научните врски на многу од тие калкулации се уште не се јасни“, но дека се дел од напорите на Ајнштајн да се интергираат сите сили во природата во една теорија.

Новата колекција содржи и негово писмо испратено во 1935 година до синот Ханс Алберт кој тогаш живеел во Швајцарија. Нобеловецот пишувал загрижен поради заканите од војна, но писмото исто така е одраз на неговиот оптимизам две години откако нацистите дошле на власт во Германија.

– Читам со доза на загриженост за значајното движење во Швајцарија кое го потигнале германските бандити. Но верувам дури во Германија работите полека почнуваат да се менуваат. Ајде само да се надеваме дека нема да има војна во Европа пред тоа. Германското вооружување е сигурно многу сериозно, но остатокот од Европа конечно почнува тоа да го сфаќа сериозно, особено Британците. Би било подобро и полесно да се делува со тешка рака пред година и пол, напишал Ајнштајн.

Професорот Ханог Гутфројн, поранешен претседател на Хебрејскиот универитет, а сега советник на Архивата на Ајнштајн објавувањето на новата колекција го нарече важен ден.

Во три писма од 1916 година Ајнштајн пишува за својата работа на апсорпцијата и емисијата на светлина од атомот, концепт кој подоцна станува основа на ласерската технологија.

Loading...

– Педесет години расмилувања не ме доближија до прашањето што се светлосни честички. Денес секој глуак мисли дека го знае одговорот, но само се залажува, напишал Ајнштајн во четвртото писмо децении подоцна, во 1951 година.

Leave a Reply