Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.45 до 19.30 часот, во Единицата за известување и команда при СВР Скопје, од страна на граѓани пријавени се три кривични дела „насилство“ во кои со повреди се здобиле вкупно 5 (пет) лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Првото кривично дело се случило околу 18.45 часот на ул. „Македонија“ поточно пред „Порта Македонија“, каде од засега две непознати лица физички биле нападнати новинар и снимател на електронскиот медиум А1-он, двајцата од Скопје, додека извршувале работни задачи, односно додека снимале прилог. Од страна на екипа на итна медицинска помош, оштетените се однесени во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ каде од страна на лекари им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. На местото на настанот биле легитимирани 12 лица со кои дополнително ќе бидат извршени разговори. Од страна на СВР-Скопје се превземаат сите неопходни мерки за утврдување и пронаоѓање на сторителите, утврдување на мотивите за нападот како и целосно расчистување на случајот.
Второто кривично дело „насилство“ се случило околу 19.10 часот на автобуската постојка пред Народна банка на Македонија, каде 17 годишно лице од с. Бразда било нападнато од страна на група младинци на возраст од 16-18 години. Потоа истата група, физички нападнала уште шест други малолетници кои биле на автобуската постојка на возраст од 16 и 17 години при што едно 16 годишно лице од здобиените повреди во безсознание и со возило на Итна медицинска помош е однесен во клинички центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан на Неврохирургија за понатамошно лекување. Исто така, по настанот и уште едно 16 годишно лице е примено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.
Третото кривично дело „Насилство“ се случило околу 19.20 часот во автобус на ЈСП бр. 58, кој се движел во насока кон Транспортниот центар. Според дадената изјава пред полициски службеници од возачот на автобусот добиена е информација дека во наведеното време, на автобуската постојка пред ТЦ „Веро Џамбо“, во автобусот влегла поголема група на младинци на возраст од 16-18 години и откако автобусот почнал да се движи лицата физички нападнале 17 годишен малолетник од автобусот и искршиле едно стакло. Откако автобусот застанал на постојката на Транспортен центар, сторителите излегле и се разбегале во различни правци. По настанот оштетениот е примен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“–Ургентна клиника, каде му се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, заедно со неговите родители настанот го пријавиле во Полициската станица од општа надлежност „Центар“.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје преземени се мерки за расчистување на настаните при што поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство во Полициската станица од општа надлежност „Центар“ од страна на Единицата Алфа лишени од слобода и повикани се 9 (девет) лица од кои пет лица на возраст од 14 до 18 години како можни сторители на насилството, а останатите во улога на сведоци на настаните. Во присуство на родители и адвокати на можните сторители извршен е разговор, по што малолетните лица се пуштени додека едното полнолетно лице е задржано во станица