По посетата на Израел, Бајден вечерва во ударниот термин им се обраќа на Американците

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва ќе одржи надворешнополитички говор во ударно обраќање до нацијата, објавија претставници на Белата куќа.

Loading...

Обраќањето од Овалната соба е закажано за 20 часот по локално време и ќе се однесува на одговорот на американската администрација на терористичките напади на Хамас врз Израел и руската војна во Украина, пренесува NBC News.

Говорот на американскиот претседател доаѓа откако тој беше во Тел Авив во средата, каде што вети поддршка за Израел по големиот напад на милитантите на Хамас овој месец.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „огромниот и невиден“ пакет воена помош, обезбеден од американскиот претседател Џозеф Бајден за време на неговата посета на Тел Авив, ќе му помогне на Израел да победи во војната против Хамас.

Обраќањата од Овалната соба на американските претседатели во ударен термин се ретки и означуваат големи кризи, соопшти NBC News, пренесува Танјуг.