Во една шума на грчкиот остров Закинтос избил пожар, а силниот ветер го отежнува неговото гаснење.
Loading...
Како што пренесува грчката агенција АНА, пожарот избил недалеку од селото Агиос Кирикос.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, но работата им ја отежнува силниот ветер.
Пред неколку дена Халкидики беше погоден од разорно невреме во кое животот го загубија девет лица, додека вчера земјотрес беше регистриран во западниот дел од земјата.